Skip to main content
Македонија

Гаши го честиташе Божиќ

07/01/2025  11:28

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод големиот христијански празник, Божиќ.

„Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг. Посакувам овој празник да донесе мир, хармонија и радост во вашите срца и вашите семејства.

Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас“, порача Гаши.