Skip to main content
Македонија

„Ганиќ Ексклузив“ со реакција: Дефектот бил краткотраен, патниците продолжиле расположени

10/09/2025  10:06

По објавениот текст за голготата која ја преживеале патници од автобус на агенцијата „Ганиќ Ексклузив“ на враќање од Истанбул, со реакција се огласија од самата агенција.

Од „Ганиќ Ексклузив“ наведуваат дека информациите не биле претставени точно и оти со тоа се создава непотребна негативна слика за компанијата.

„Дефектот кој настана беше технички и брзо беше надминат. Имаме и видеа и фотографии кои покажуваат дека патниците веднаш по санирањето на проблемот продолжија со патувањето, расположени, насмеани, дури и со музика и забава во автобусите,“ стои во реакцијата.

Агенцијата додава дека нивната цел не е конфронтација, туку вистинито информирање на јавноста.

„Сметаме дека е важно јавноста да ја добие вистинската слика, па затоа Ви ги ставаме на располагање сите докази,“ велат од „Ганиќ Ексклузив“.