
Гадоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, на социјалните мрежи објави дека од страна на градеен инспектор, во Визбегово денеска затворено е нелегално градилиште.
„Денеска започнавме постапка за отстранување на дива градба во Визбегово, моментално од страна на градежната инспекција објектот е затворен.
Покрај постапката за отсранување на овој објект ќе следи и содветна пријава за дивоградба и узурпација на државно земјиште. Никој не смее да биде над законите“, порача Костовски.
