Skip to main content
Свет

ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници

13/03/2025  12:10

Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила доставување пакети со рачно изработени бомби до војниците и државните службеници поврзани со руската офанзива во Украина.

ФСБ ги обвини украинските специјални служби дека стојат зад обидот за напад.

Во соопштението ФСБ наведува дека на аеродромот во Челјабинск, на Урал, биле запленети пет пакети со рачно изработени експлозивни направи, скриени во кутии за парфеми.

Руски државјанин роден 2003 година, кој бил „регрутиран од украинските специјални служби“ се обидел да ги испрати тие пакети по пошта.

Русија и Украина редовно меѓусебно се обвинуваат за саботажа извршена од членови на локалното население регрутирани на социјалните мрежи