Skip to main content
Хроника

Фрлал камења во дворот на соседот, па нападнал и полицајци – поднесена кривична пријава

05/02/2025  17:02

СВР Штип поднесе кривична пријава М.А.(29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

Како што информираат од МВР, на 02.02.2025 во Свети Николе, пријавениот со нож упатил закани на негов сосед и фрлал камења во неговиот двор, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.