
Мете Фредериксен, данската премиерка, истакна дека нејзината Влада имала „интензивен дијалог“ со сојузниците, меѓу кои и германскиот канцелар, претседателот на Франција и британскиот премиер. Дијалогот следува по по објавување на заедничката изјава на осумте европски земји за најавените дополнителни американски царини.
– Кралството Данска добива силна поддршка. Во исто време, сега е уште појасно дека ова е прашање што е надвор од нашите сопствени граници. Затоа е уште поважно да останеме цврсти во основните вредности врз кои е создадена европската заедница. Ние сакаме да соработуваме и не сме тие што бараат конфликт. Задоволен сум од конзистентните пораки од континентот: Европа нема да биде уценувана, наведе Фредериксен.
Претходно, премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе на претпазливост во евентуалната трговска војна со САД по најавените царини за земјите кои го поддржуваат Гренланд.
– Мислам дека би требало да бидеме многу внимателни за да не дојде до трговска војна која би излегла од контрола. Мислам дека никој нема да има корист од неа, посочи Сторе.
И премиерот на Финска, Петери Орпо наведе дека царините „не служат никому“ и оти ќе им наштетат и на Европа и на САД.
– Ставот на Финска е дека сите прашања помеѓу сојузниците треба да се решаваат преку разговори, а не преку притисок, истакна Орпо.
Според него безбедноста на Арктикот е клучно прашање за Финска.
