
Поранешниот шеф на мисијата на Македонија при ОН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, по повод наводната пријава на МНР се огласи.
„Власта и Министерството за надворешни работи направило срамна, банална и полна со неточности кривична пријава за проф. Љубомир Фрчкоски и неговата функција Амбасадор при ООН во Њујорк – за да изврши притисок врз неговите јавни настапи кои се критички кон власта. После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на Амбасадата на НРМ во Њујорк со цел ширење страв и замолчување.
Во пријавата без срам и перде се наведува дека имало:
пречекорување на сметките за мобилни
поправка на возило без дозвола на МНР
земање на аванс за службено патување (иако целиот аванс е вратен во буџетот, сепак МНР не било задоволено).