Skip to main content
Македонија

Фрчковски: Власта не разбира дека ја води Македонија, а не Вмровија

10/11/2025  18:01

Единствена опција што ќе му остане на ВМРО-ДПМНЕ по последните избори е прилично авторитарна а тоа е да се обиде да го сруши обвинителството и судството и да започне со прогон, порача професорот Љубомир Фрчковски во емисијата „Во Центар“.

Според него тоа веќе се покажува и со односот на Христијан Мицкоски кон ЕУ и нарекувањето „извештајче“ на Извештајот за напредокот од страна на Европската Комисија.

“Извештајчето“ е резултат на тоа, практично гледајте како се однесуваат кон една клучна операција која треба земјата да ја влече напред тоа е ЕУ. Тие го третираат тоа како „извештајче“ кое не се базира на нас, не не интересира нас. Ние сме ориентирани кон внатре. Кон што сте внатре ориентирани? Луѓе, нема што да се ориентира внатре повеќе. Се изедовте, се е празно. И практично тоа статус кво на скапување е ужасен резултат кај партијата. Таа партија има две основи. Едно е омразата кон надворешниот свет, кон предавниците тој нивни вокабулар, кон враќање на некакво под наводници достоинство и второ функционира како племенска организација, своите ги брани единствено. Тие не можат да разберат дека водејќи држава треба сите да имаат некаков бенефит. Вие ја водите Македонија, не ја водите Вмровија, во таа смисла се апсолутно се под нивото на историските задачи. Карактеристка е тој националистички популизам, тоа е катарзата преку изборите кои треба да го испере. Тоа не се случува, историјата ви суди, извештајот нивен е полош извештај од време на Владата на Груевски. Оваа катастрофа тие не можат да ја избришат“ вели Фрчкоски.