Skip to main content
Свет

Франкфурт воведува субвенционирани такси за поголема безбедност на жените

20/12/2025  14:39

Градските власти во Франкфурт воведоа мерка со која жените ќе можат да користат такси по симболична цена од шест евра, со цел зголемување на нивната лична безбедност. Мерката стапува во сила веднаш и се однесува на сите девојки и жени над 14 години.

Субвенционираниот такси-превоз ќе биде достапен во ноќните часови, од 22 до 6 часот, за побезбедно враќање дома. За користење на услугата, потребно е да се преземе ваучер од градската управа, при што секоја жена ќе има право на најмногу шест ваучери годишно.