Skip to main content
Хроника

Французин уапсен на Долно Блаце, возел украдено „бмв“

08/08/2025  14:14

Вчера во 16:35 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(40) од Франција затоа што при гранична контрола било констатирано дека патничкото возило „бмв“ со француски национални ознаки, кое го управувал, евидирало во базата на Интерпол како украдено.

Возилото било одземено, а лицето било предадено во полициска станица за понатамошна постапка.