
Француската морнарица запленила моторен чамец што превезувал 2,4 тони кокаин кај португалскиот остров Мадеира во Атлантскиот Океан, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од обвинителството во Брест, во кое се наведува дека во операцијата барала употребена сила врз шверцерите.
Вредноста на запленетата дрога се проценува на над 128 милиони евра.
Операцијата е спроведена во координација со САД и Велика Британија.
Весникот „Паризиен“ објави дека фрегата на француската морнарица отворила оган за да ги онеспособи моторите на бродот откако нејзиниот екипаж ги игнорирал повиците за запирање.
Цивилните и воените власти во Португалија и Шпанија, исто така, учествувале во запирањето на бродот.
На фрегатата за време на операцијата ѝ помогнале хеликоптер на француската морнарица и авион на царината.
Откритието се смета за дел од растечкиот тренд на увоз на големи количества кокаин во Европа од Јужна Америка преку Шпанија, Португалија и Франција.
Француските медиуми сè повеќе зборуваат за таканареченото „бело цунами“, осврнувајќи се на зголемените пратки на дрога, забележува ДПА.