
Француската фудбалска репрезентација попладнево во Штутгарт ја победи Германија со 2:0 во натпреварот за третото место во Лигата на нации.

Резултатот го отвори Килијан Мбапе во 45+1 минута од натпреварот со асистенција од Орелиен Чуамени. Предноста на Французите ја удвои напаѓачот Михаел Олисех во 84. минута по асистенција од Мбапе.
Француската репрезентација е победник на Лигата на нации за сезоната 2020/21.
Репрезентациите на Шпанија и Португалија ќе се сретнат во финалето на турнирот. Натпреварот започнува вечер во 21 часот на „Алијанц Арена“ во Минхен.