Skip to main content
Свет

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

05/03/2026  21:40

Франција ја подржува Либија. Францускиот претседател Макрон испрати итен пакет поддршка за армијата со цел да ја стабилизира земјата која е под притисок од ескалацијата на Блискиот исток. Франција испрати оклопни транспортни возила и медицински материјали за цивилите раселени од јузните делови на Либан.

Одлуката на Елисејската палата доаѓа по директното барање на првиот човек на либанската војска, Жозеф Аун, кој побара интервенција од Париз за да се намалат цивилните жртви и да се сопре израелската кампања на бомбардирање.

„Мора да се направи сè за да се спречи оваа земја, толку блиску до Франција, повторно да биде вовлечена во војна. Либанците, како и сите на Блискиот Исток, имаат право на мир и безбедност.“ – истакна Макрон.

Францускиот претседател нагласи дека проширувањето на воените дејствија врз либанска територија би било катастрофално и повика на максимална воздржаност од сите инволвирани страни. Франција, која одржува длабоки историски врски со Либан, со овој потег се обидува да ја зајакне единствената државна институција што може да спречи целосен колапс на земјата – нејзината армија.