
Змија утрово се прошета во скопската населба Хром, општина Ѓорче Петров.
На социјалните мрежи, граѓаните реагираат барајќи од надлежните веднаш да го исчистат теренот и да го заштитат здравјето на граѓаните.
„Денес во Хром, покрај детско игралиште, е забележана змија буквално неколку метри од местото каде што си играат децата! Каде се општинските служби?! Дали мора да се случи ТРАГЕДИЈА за некој да преземе одговорност?! Бараме итна интервенција, чистење на зеленилото и заштита на децата! Нема ништо поважно од безбедноста на најмладите“ се вли во објавата.