Иако беше најавено дека реконструкцијата на левата тунелска цевка од тунелот Т1 на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе трае еден месец, односно до 23.01.2025, денес (04.02.2025) повеќе од десет дена, сообраќајот се одвива двонасочно.
Претходно, имаше најава дека овој дел од авотпатот ќе се реконструира во рок од еден месец
„Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека на автопатот Демир Капија – Смоквица во период од 23.12.2024 до 23.01.2025 ќе се одвива реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел Т1. Во тој период левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај додека сообраќајкот ќе биде пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот“ стои о известувањето од крајот на декември 2024 година.
Вообичаено, како и за многу други работи, пробиен е рокот и на оваа делница, а граѓаните треба да бидат особено внимателни додека возат на овој патен правец.