Skip to main content
Хроника

(Фото) Во сообраќајка во Скопје настрада моторџија

10/06/2025  20:13

Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај Железничката станица во Скопје.

Возач на мопед бил удрен од возило „пајак“ на самата крстосница.

За сега нема информации во каква состојба е возачот на мопедот, а на лице место е увидна екипа на сообраќајната полиција.