
Несекојдневна случка е забележана денеска во Скопје, град каде сообраќајот од година в година станува се понедоднослив.

Факт е дека низ градот фалат многу паркинг места, но факт е и дек голем дел од возачите воопшто не внимаваат на другите ниту кога возат, а ниту кога паркираат.

Утрово, на улицата Народен фронт еден автомобил беше паркиран верувале или не, врз друг автомобил.
Непознато е дали возачот на џипот до толку изгубил контрола врз возилото или пак ова е намерно направено, но ова е уште еден показател за сообраќајната (не)култура во градот.