Skip to main content
Спорт

(Фото+Видео) Трофеи, емоции и љубов: Ден кога Аеродром славеше со МЗТ!

05/06/2025  23:09

Денеска Аеродром беше обоен во сино-бела магија! Голем број навивачи, семејства и љубители на кошарката се собраа заедно со кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во вистинска спортска прослава.

Шампионите им возвратија на своите најверни навивачи со потписи, фотографии и дружење – создавајќи моменти за паметење со сите, од најмладите фанови до најгласните од „копот“.

Специјални гости на вечерта беа и трите пехари од сезоната – Суперкупот, Купот и шампионскиот трофеј од Првата лига – гордо изложени и достапни за фотографирање.

Ова дружење уште еднаш покажа дека МЗТ не е само клуб – туку големо спортско семејство. Благодарност до сите што беа дел од овој незаборавен ден!