Skip to main content
Скопје

(Фото/Видео) Нов протест во Аердром, граѓаните бараат чист воздух

12/09/2025  19:59

Со транспаренти, свирчиња и скандирања, граѓани попладнево повторно ја блокираа сообраќајницата кај паркот на авиончето во Ново Лисиче револтирани од загадениот воздух што со денови го дишат.

„Помеѓу две депонии умира еден град“ „Премиерот дише ист воздух или има некој друг?“ „Аеродром зелено гето“ „Изборите ви се угушија“ беа дел од пораките што ги испратија граѓаните од протестот.

Инаку поради пожар прво на „Вардариште“ а потоа и на депонијата „Дрисла“ во воој дел од градот воздухот е сериозно загаден и опасен по здравјето на луѓето.

Владата и надлежните институции со контрадикторни изјави се обидуваат да ги смират револтираните граѓани.

Во меѓувреме, станиците кои го мерат загадувањето регистрираат енормно високи бројки на загаденост а граѓаните стравуваат дека кога ќе дјде зимата воздухот уште толку ќе биде загададен, па затоа бараат власта итно да го реши проблемот, пред почетокот на грејната сезона.