Skip to main content
Македонија

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

01/07/2025  23:58

Вечерва на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во скопската општина Бутел се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно возило заврши превртено на кров дознава 24инфо.

На местото на настанот има присуство на полициски службеници кои го обезбедуваат просторот.

На терен се забележани оштетени семафори и делови од возилото расфрлани по коловозот. Според очевидци, има повредени лица, но нивната состојба засега не е официјално потврдена.

Повеќе детали за причините и последиците од несреќата се очекуваат утре од Министерството за внатрешни работи.