Skip to main content
Македонија

(фото) Вечерва тешка сообраќајка во населба Аеродром

07/09/2025  23:38

Вечерва на крстосницата меѓу булевар „Србија“ и булевар „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „Опел Корса“ и „БМВ“ велат за 24инфо.

На местото на настанот присутни се повеќе полициски возила и припадници на полицијата, кои го обезбедуваат просторот и вршат увид.

Засега нема официјални информации од надлежните институции дали во сообраќајката има повредени лица. Очекуваме повеќе детали во текот на вечерта.