Skip to main content
Македонија

(Фото) Уште ова го немавме видено: Во Куманово се крпеа дупки еден час пред велосипедската трка на ЕМОФ

24/07/2025  21:26

Европскиот младински олимписки фестивал неделава се одржува во Скопје.

Проблемите на организацијата ги засенија спортските подвизи, па сега спортска Европа многу повеќе зборува за секојдневните пехови наместо за успесите.

Неколку часа откако беа прегазени две деца кои тренираат за велосипедската трка во Куманово се случи случка од рубриката Верувале или не.

Во Куманово се одржуваат велосипедски трки, а на локалната власт доцна и текнало за инфраструктурната состојба.

Па така, утрово локалната власт во Куманово со едно камионче и неколку лопати асфалт ,,ја средија” патеката по која возеа децата.

ЕМОФ трае уште утре, па се надеваме дека веќе нема да има вакви случки, а за жал целиот фестивал сите ќе гледаат да го заборават што побрзо.