
Сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Кичево – Гостивар.
После превојот Стража кон населеното место Колари мотоцикл бил удрен од автомобил по што возачот на мотоциклот бил пренесен во болница со возило на итната медицинска помош.
Сообраќајната несреќа го отежна движењето по овој пат.