Skip to main content
Македонија

(Фото) Стравична сообраќајка во Охрид: Автомобил удри во пешаци

20/06/2025  00:19

Вечерва се случила тешка сообраќајна незгода на кружниот тек кај Гимназијата во Охрид, јавува локалниот портал Ohrid1.

Според објавените информации, патничко возило од марката „Голф“ излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“, влегло во пешачка зона и удрило во ограда. Неофицијално, при инцидентот се здобиле со потешки повреди пешаци кои се затекнале на местото.

Во моментов не се познати повеќе детали за причините за несреќата, ниту за точната состојба на повредените.

Надлежните служби извршиле увид на терен, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.