
Вечерва сообраќајот тешко се одвива по улицата „Бутелска“ во наслебата Бутел.
Како што дознаваме, поради посетата на премиерот Христијан Мицкоски и партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ на двете страни од коловозот има паркирано автомобили, па тешко се одвива разминувањето на автомобилите што возат.
Автомобилите, но и автобусите на ЈСП должина од 500тини метри минуваат 10 до 15 минути.