Skip to main content
Македонија

(ФОТО) Речникот на новиот директор на „Еразмус“

09/04/2025  17:31

Петар Богојески е новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност позната и како „Еразмус“.

Богојески кој е и лидер на движењето „Македонски концепт“ е човек кој е многу активен на социјалните мрежи особено на платформата Х.

Но Богојески е и човек кој често упатува навреди и и шири говор на омраза кон свои противници и неисомисленици но и кон цели категории на граѓани.

Кај Богојески многу честа е употребата на навреди со етничка, религиозна и сексуална конотација.

„Племе“ „Дебил“ „Стока“ и различни пцовки се редовен дел од вокабуларот на новоименуваниот директор кој на својата функција ќе треба да работи првенствено со млади луше, со студенти, професори и членови на граѓанското општество.