Skip to main content
Скопје

(Видео/Фото) Пожар во Батинци, чадот се шири кон Скопје

20/09/2025  14:17

Пожар пред малку избувна во селото Батинци, општина Студеничани.

Чад се гледа и веќе пристигнува до скопските населби Питнија и Кисела Вода.

Информацијата ја потврди и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

„Поради брзото ширење, побарана е интервенција и од воздух. На терен се чека да интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, три специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје. Ситуацијата постојано се следи, а интервенциите продолжуваат со цел локализирање на пожарот“ вели Али.