
Скопската полиција лиши од слобода и поднесе кривична пријава против А.П. (40) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Инцидентот се случил на 27 септември 2025 година во 19:00 часот на улицата „Козле“ во Скопје. Постапувајќи по претходна пријава од двајца граѓани, полициски службеници од СВР Скопје го затекнале А.П. како управува патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол.
По извршени мерки, му биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.
