
Од година в година Клиничкиот центар во Скопје е се повеќе девастиран, како објкетите така и дворот каде дневно минуваат десетици илјади граѓани.

Денес во тревнатиот дел од довор на Клинички се појави „мочурште“ (кое најверојатно е последица од вчерашните обилни врнежи) со обраснати треви и длабока вода.
А среде барата заглавена беше медицинска количка која според натписот е сосптвеност на Амбулантата за нефрологија.
Во таа амбуланта се третираат пациенти со сериозни бубрежни заболувања кои покрај маките, за да стигнат на третман, денес морале да поминат и нив оваа огромна водена површина.
Ваквата слика е доказ дека здравството и буквално тоне, а Клиничкиот центар е далеку од достоен здравствен објект за 21виот век.