Skip to main content
Македонија

(Фото) Мирно, тивко и демократски на гласачките места во Центар 

19/10/2025  12:50

Изборниот ден во општина Центар поминува мирно и без нерегуларности. Избирачките места беа отворени навреме, а граѓаните од утринските часови постепено излегуваат да го остварат своето гласачко право.

Според информациите од Изборната комисија на Центар, до пладне гласањето се одвива со стабилен тек, без пријавени инциденти или забелешки од набљудувачите.

Екипата на 24инфо беше на терен и забележа мирна атмосфера пред избирачките места, со присуство на полиција кои го обезбедуваат редот. Гласачите велат дека постапката се одвива брзо и организирано.

„Сѐ беше во ред, без гужви и без проблеми. Гласањето траеше само неколку минути,“ велат граѓаните кои веќе го искористиле своето право на глас.

Од Општинската изборна комисија потврдуваат дека се следат сите процедури и дека гласањето продолжува во мирна и демократска атмосфера.

фото: Марио Андоновски