
Граѓаните се мобилизираат и за утрешниот ден најавен е масовен бојкот на маркетите.
Ваквата иницијатива доаѓа поради високите цени на основните предукти, особено на исхраната, но и како верижна реакција од слични акции во Хрватска и Црна Гора.
24инфо.мк ги праша своите читатели дали ја поддржуваат акцијата за бојкот на маркети.

Од добиените одговори над 80 (поточно 81%) од читателите рекоа дека го поддржуваат бојкотот.
Каков обем ќе има утрешниот бојкот и дали истиот ќе предизвика реакција кај маркетите, останува да видиме.