
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово.
Во близина на Желино, комбе се превртело на левата коловозна лента, по што сообраќајот на оваа делница е отежнат.
Екипи на МВР е на лице место и го регулира сообраќајот, а на возачите им се препорачува внимателно возење.

За сега нема информации за причините за несреќата и дали има повредени лица, но веќе се создаваат километарски колони имајќи предвид дека во овој период од денот овој автопат е доста користен.