
По синоќешниот голем протест „Се гледаме за Видовден“ и апсењата и полициската бруталност, денес во Белград и Србија продолжува револтот на граѓаните кон власта.

Попладнево граѓани на Земун започнаа со граѓанска непослушност.
Имено, тие во моментов блокираат неколку фреквентни улици во градот, како реакција на денешното апсење на неколку студенти на Земјоделскиот факултет.

Денес, Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека продолжува со акција за пронаоѓање и обебзбедување на сите лица кои синоќа учествувале во немирите.