
Македонската фудбалска репрезентација ја победи селекцијата на Казахстан со 1:0 на гостински терен.
Дел од македонските првотимци на оригинален начин ја продлавија победата во Астана.
Елиф Елмас, Ѓоко Зајков и Стефан Ашковски по враќањето во Скопје се почестија по еден симит во култната фурна Чаир.
„Од Казахстан, на симит“ гласи објавата на Елмас на социјалните мрежи.
По победата, Македонија од 4 одиграни меча има 8 бода и е на првото место во квалификациската група, а мечот во Астана е 10ти по ред без пораз за нашата репрезентација.