Skip to main content
Македонија

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка

06/10/2025  21:51

Контроверзниот Петар Богојески, на социјалните мрежи одново пласира навредливи и мизогени коментари.

Овој цел на неговите навреди е новинарката и инфлуенсерка Теодора Цветковска која пласира свои содржини под псевдонимот Анекта.

„Пи**во е закон“ коментира Богојески под една објава на Анекта, по што авторката му одговора „ве личи политичари со речников“

Анекта има свои канали на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб каде низ кратки видеа прави критички осврт на многу социјално економски и полиитчки теми.

Едно од најпопуларните нејзини видеа е она во кое го коментира повикот на премиерот Мицкоски граѓаните да раѓаат повеќе деца, кое е прегледано над 600.000 пати, на кое имаше и бројни навредливи коментари.

Инаку Петар Богојески, кој со неговата партија Македонски концепт е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, на социјалните мрежи редовно пишува навредливи коментари, но и закани кон новинари, јавни личности и неитомисленици.