Skip to main content
Магазин

(Фото) Аеродром пулсираше со забава – Над 3000 граѓани уживаа во Џевахир мол

23/12/2024  15:35

Над 3000 граѓани од Аеродром во саботата беа дел од незаборавната предновогодишна журка „Аеродром пулсира vol.3“, која се одржа на платото пред Џевахир мол.

Настанот, кој веќе прераснува во традиција, го водеше харизматичниот Марко Новески, грижејќи се за атмосферата да биде на највисоко ниво. Публиката заедно со легендите Игор Џамбазов и Гури Харе ги пееше незаборавните хитови, додека нивната енергија внесе топлина и носталгија кај сите присутни.

На сцената подоцна настапи и Тони Зен, кој успеа да ја крене атмосферата, додека Лара и Пајак го освоија вниманието на помладата публика со нивните актуелни хитови.

Врв на вечерта беше магичниот настап на Каролина Гочева, чиј моќен глас ги маѓепса сите присутни и донесе посебна емоција на настанот.

Забавата заврши со спектакуларен огномет, означувајќи го крајот на годината со надеж и позитивна енергија за уште посреќна и поуспешна 2025 година.