Skip to main content
Македонија

Фото: 15 годишен малолетник осомничен за убиството во Тетово, изведен пред суд

12/08/2025  13:23


Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, дознава 4NEWS.mk.

Според информациите, станува збор за лице помладо од 15 години.

Поради возраста, постапката ќе се води согласно законските одредби за малолетници. Надлежните институции засега не откриваат дополнителни информации за случајот. Во меѓувреме, истражните органи продолжуваат со прибирање на докази и сослушување на сведоци со цел целосно расветлување на настанот.

Фото: 4NEWS.mk.