
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денес организира стручен собир во склоп на проектот „Зајакнување на правата на корисниците во финансиските услуги“.
Проектот е финансиски поддржан од Европската унија, преку спогодба помеѓу Европската Организација за заштита на потрошувачите – BEUC и ОПМ.
Собирот е наменет за потребата од преземање дејствија за создавање на потребните предуслови за спроведување на европската регулатива за заштита на заедничките интереси на корисниците, транспозиција на Директивата за претставнички тужби (Representative Actions Directive (EU) 2020/1828), за што ќе дискутира и претставничката од Европската Организација за заштита на потрошувачите – BEUC.