Skip to main content
Спорт

Форца ја мина првата квалификациска пречка во Лигата на шампиони во футсал

31/08/2025  12:40

Македонскиот првак Форца обезбеди пласман во главната квалификациска рунда во Лигата на шампиони во футсал, откако синоќа во решавачкиот натпревар во Куманово го совлада ерменски Ереван со 5-0 и го освои првото место во групата А од прелиминарната рунда.

До триумфот над директниот конкурент за првото место во групата, Форца дојде со головите на Таулант Исмаили (4), Јакуп Рамадани (17), Карен Мурадјан (28, автогол), Зоран Левески (39) и Берат Рамадани (40).

Пласманот во главната квалификациска рунда Форца го обезбеди на супериорен начин со три победи и гол-разлика 11-0, откако претходно триумфираше над Мурата од Сан Марино со 1-0 и против Енкамп од Андора со 5-0.

Македонскиот шампион во футсал во главната квалификациска рунда ќе игра во групата 7 во која за ривали ќе ги има украинските екипи ХИТ Киев и Киев Футсал, како и првакот на Словенија, Врхника.