
Фондот за здравствено осигурување денеска ќе одбележи 25 години од осамостојувањето и континуираното работење.
На настанот, како што е најавено, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски и претставници од раководството на Фондот. Ќе бидат презентирани клучните успеси, реформи и резултати постигнати во изминатите 25 години.
Свеченоста ќе се одржи во Националната филхармонија.

