Skip to main content
Македонија

Фондација Заев со донација од 150.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

22/03/2025  10:54

Со чувство на голема тага и болка од епилогот на големата трагедија која се случи на 16 март во Кочани, а во која згаснаа животите на 59 млади Македонци кои, за жал, не ја дочекаа новата пролет, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ им изразува искрено и длабоко сочувство на членовите на семејствата на починатите, а на сите повредени им посакува успешно опоравување и брзо враќање во нормалниот живот.

“Нашата фондација, преку сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, донираше 150.000 денари како помош на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Воедно, упатуваме апел до сите добри и хумани луѓе и институции во државата, да дадат свој придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите.

Да ја разбудиме човечноста во човека. Да се погрижиме сите заедно, никогаш повеќе да не се повтори такво зло”, велат од таму.