Skip to main content
Свет

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

24/03/2026  10:51

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на мировен договор за да се стави крај на војната во Иран, изразувајќи длабока загриженост за тековниот конфликт.

За време на посетата на Австралија, каде што се обрати пред јавноста во Канбера заедно со премиерот Ентони Албанезе, таа ја нагласи важноста на стабилноста на Блискиот Исток за целиот свет.

„Од најголема важност е да постигнеме договорено решение што ќе ги прекине непријателствата што ги гледаме на Блискиот Исток“, рече фон дер Лајен. 

Таа објави дека некои земји-членки на ЕУ се подготвуваат да помогнат во мисијата за заштита на Ормутскиот теснец по завршувањето на војната. Таа, исто така, го истакна глобалното влијание на конфликтот врз цените на енергијата.

„Сите ги чувствуваме последиците врз цените на гасот и нафтата, врз нашите бизниси и нашите општества“, рече таа, додавајќи дека трговскиот канал е клучен за линиите за снабдување со енергија низ целиот свет.