Skip to main content
Свет

Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами

28/02/2025  22:23

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упатија иста порака на „Х“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски во која велат дека ќе продолжат да работат за праведен и траен мир во Украина“.

„Вашето достоинство и оддава почит на храброста на украинскиот народ. Бидете силни, храбри, бестрашни. Никогаш не сте сами, драг претседателе Зеленски. Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“, напишаа Фон дер Лајен и Кошта на „Х“.

Зеленски денеска предвреме ја напушти Белата куќа по жестоката расправија со Трамп пред новинарите во Овалната соба