Skip to main content
Култура

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ во Тирана

07/11/2025  09:36

Во организација на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана (КИЦ Тирана), во соработка со фестивалот „Магична флејта“, во петок, 07 ноември 2025 година, со почеток во 19:00 часот, во концертната сала „Фердинанд Деда“ при националната телевизија РТШ, ќе се одржи концерт на триото „Анимато“.

На сцената ќе настапат:

  • Даниела Неделковска – флејта
  • Симона Марочковска Манојловска – флејта
  • Светлана Димитриевска – пијано

Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избрана програма со дела од Прокопиев, Шор, Елгар и Доплер, кои ќе ја доловат разновидноста и убавината на класичната музика преку виртуозноста на македонските уметници.

По настапот на триото „Анимато“, концертната вечер ќе продолжи со изведба на оркестарот на РТШ, под диригентство на Фатос Керимај, со што ќе се заокружи уште еден значаен културен настан кој ја продлабочува соработката меѓу Северна Македонија и Албанија на полето на музиката и културата.