Skip to main content
Спорт

ФК Вардар ги објави цените на влезниците за новата сезона

11/08/2025  16:50

Освојувачот на фудбалскиот Куп екипата на Вардар во петокот го одигра првиот домашен натпревар во сезоната. Од раководството на Вардар ги објавија цените на влезниците за натпреварите до крајот на сезоната.

На седница е решено влезниците за дуелите на Националната Арена „Тодор Проески“ да се продаваат по цена од 100 (источна трибина) и 200 денари (јужна трибина).

Планот на „црвено-црните“ е сите натпревари да ги играат на Националната Арена.