Skip to main content
Спорт

Физички пресметки меѓу навивачите на Бетис и Челзи пред финалето на Конференциската лига

28/05/2025  11:40

Конфликт меѓу навивачите на Бетис и Челзи синоќа се случил на плоштадот во Вроцлав во пресрет на финалето на Конференциската лига.

Според „Естадио Депортиво“, во тепачката биле користени и стаклени шишиња, столови од ресторан и други тврди предмети.

На местото на настанот пристигнале неколку полицајци кои употребиле солзавец за да ги смират страстите.

Судири биле забележани и на други места во Вроцлав.

Бетис и Челзи ќе се сретнат во финалето на Конференциската лига вечер со почеток во 21 часот.