Skip to main content
Хроника

Физичка пресметка меѓу две групи во Неготино

22/09/2025  15:55

Физичка пресметка имало изминатава ноќ меѓу две групи во Неготино, откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект. За ова попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи Велес.

– На 21/22.09.2025 во времето од 20:10 до 00:10 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода В.Д.(22), Д.Т.(21), Љ.Т.(43), А.М.(25) и Б.П.(22), сите од Неготино. Претходно И.Б.(25) од село Криволак, неготинско, пријавила дека во угостителски објект во Неготино, Д.Т. физички ја нападнал, по што настанала физичка пресметка помеѓу две групи – појаснија од СВР Велес.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се преземале  мерки за расчистување на настанот.