
Изненадувањето во осминафиналето на Евробаскетот вечерва го приреди репрезентацијата на Финска која го победи првиот фаворит за златниот медал репрезентацијата на Србија.
Финците водеа во поголем дел од натпреварот и на крајот ја совладаа репрезентацијата на Србија со резултат 92:86.
Марканен во победничката екипа постигна 29 поени додека кај поразените најдобар стрелец беше Јокиќ со 33 поени.
Финска во четвртфиналето го чека победникот од осминафиналниот дуел Франција – Грузија.