Skip to main content
Македонија, Хроника

Финансиската полиција влезе во болницата во Прилеп, се истражуваат злоупотреби за местење тендери

22/10/2025  08:32

Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, во текот на вчерашниот ден спроведе акција во прилепската Општа болница поради наводи за злоупотреби во работењето.

Од Обвинителството потврдија дека се преземаат дејствија во врска со постапката, но најавија дека повеќе детали ќе бидат достапни денеска.

Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица.