
Управата за финансиска полиција е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови. На располагање се ставени сите капацитети на управата за потребите на оваа акција, која има за цел да открие евентуални неправилности и нелегални активности во работењето на овие објекти.
Акцијата се фокусира на утврдување на финансиски проневери, избегнување даночни обврски, нелегално работење, и други неправилности во финансиското работење на угостителите.
Паралелно со ова, истражните органи се насочени кон откривање на сите аспекти кои би можеле да доведат до санкционирање на оние кои не ги почитуваат законите и регулативите, соопштија од управата за финансиска полиција.